ВЛЕН го поддржува повикот на ЕУ за итна дебата за агресијата врз Катар

ВЛЕН очекува Израел да го почитува меѓународното право

од Nikola Popovski
16 прегледи

ВЛЕН ја поздравува Декларацијата на ЕУ за итна дебата за да се дискутира неодамнешната израелска воена агресија против Катар. Од владеачката коалиција велат дека се усогласуваат со Европската Унија и ја изразуваат својата целосна солидарност со властите и народот на Катар, кој е стратешки партнер на ЕУ и кој, заедно со Египет и Соединетите Американски Држави, игра клучна улога како посредник во тековниот конфликт во Газа.

-Во духот на ставовите на ЕУ, исто така очекуваме Израел да го почитува меѓународното право, вклучително и меѓународното право за човекови права и меѓународното хуманитарно право, истакнуваат од ВЛЕН.