ВЛЕН ќе има седум заменици-министри во Владата

од Nikola Popovski
103 прегледи

Еден од челниците на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари денеска повтори дека неговата коалиција во новата Влада ќе има седум заменици-министри.

Тој нагласи дека веќе е одлучено Алијанса за Албанците да има заменик-министерка во ресорот одбрана, каде што на функцијата ќе биде Илфете Исмаили, додека заменик-министер во Министерството за земјоделство ќе биде Флакрон Беџети.

-На другите партии од нашата коалиција им припаѓаат Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, Министерството за образование и наука и Министерството за култура и туризам, рече Таравари пред медиумите.

Вчера на седница на партискиот Централен одбор што се одржала вчера, ЗНАМ – За наша Македонија едногласно ги утврдила кандидатите за двајца заменици министри во Владата во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство. Тоа се Мирослав Лабудовиќ и Радослав Настасијевиќ-Варџиски.

Слични содржини