Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор, велат од коалицијата ВЛЕН во своето партиско соопштение, но, додаваат дека овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари.
-Ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда. ВЛЕН потсетува дека Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата. Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор, истакнуваат од коалицијата.
Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов, бараат од коалицијата. Според ВЛЕН, прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил.
-Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки “амнестии” за моќни луѓе.
Куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња, стои во ставот на ВЛЕН.
Постапката против Ристов е проширување на истрагата од 14 декември во која беше опфатен адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој барал пари од обвинет за да даде поткуп и да влијае кај апелациски судија да му се укине притворот.