„ВЛЕН информира дека од овој септември, медресата “Иса Бег” ќе биде официјално признаена како рамноправно средно училиште во образовниот систем на Северна Македонија, по повеќе од 40 години функционирање надвор од законските рамки“, соопштија од ВЛЕН утрово.
„Одлуката на Владата да го одобри Предлог-законот е резултат на посветеноста на ВЛЕН кон законски решенија, а не кон дневна политика. Овој задоцнет чекор ќе стави крај на институционалната дискриминација и ќе го отвори патот за младите луѓе да продолжат со студиите со официјално признати дипломи.
Од средбите со претставниците на Медресата и на ИВЗ, беше нагласен ентузијазмот и благодарноста за оваа одлука, која ја врати довербата и интересот за запишување во оваа образовна институција.
Законот за верски училишта е изготвен во целосна согласност со Уставот и важечкото законодавство, кое им дава право на верските заедници да основаат училишта. Тој, исто така, ги одразуваше сите претходни институционални предлози од надлежните министерства, во отворен и професионален процес.
ВЛЕН ја гарантира посветеноста овој процес да се доведе до крај, со одобрување на законот во Собранието и негова имплементација почнувајќи од оваа учебна година.
За ВЛЕН, власта е аманет и одговорност кон граѓаните. Затоа, ние ќе продолжиме да бидеме глас на еднаквоста и гарант на правата за секоја институција што припаѓа на албанското наследство и идентитет во Северна Македонија“, додаваат оттаму.