„ВЛЕН“ не се откажува од албанската академија, иако тврди дека прашањето е чувствително

од Nikola Popovski
135 прегледи

Имаме разбирање за ставот на нашите партнери бидејќи прашањето за формирање на албанска академија е чувствително. Сепак, наша цел не е да наштетиме на нашите коалициски партнери туку да го спроведиме тоа што сме го ветиле пред граѓаните. Нашите програмски заложби нема да ги прилагодуваме заради личен комфор во Владата, изјави денеска Башким Муртези од коалицијата ВЛЕН по нивната иницијатива за формирање на академија паралелна на МАНУ.

Посочува дека „формирањето на албанска академија е рефлексија на негативни состојби во државата, заради кои што во некои институции, се уште нема место за Албанците“.

На прашањето дали со нивното инсистирање можеби ќе се загрози функционирањето на владеачката коалиција, Муртези вели дека секоја иницијатива оди кон правец на подобрување на условите во државата и дека не претставува ризик за никого во општеството.

-Решението ќе се најде заеднички со сите. Нашата цел не е формирање на паралелни институции и ако гледаме и во последните години, секоја иницијатива на прв поглед изгледаше на паралелна, како и со формирањето на Тетовскиот универзитет, потенцираа од коалицијата составена од повеќе партии од албанскиот блок.

За премиерот Христијан Мицкоски, работите се јасни – МАНУ е единствената институција што ја обединува научната мисла. За него, предлогот на „ВЛЕН“ е политички фолклор.

Од МАНУ посочуваат – секаде во светот има само една Академија и членови на МАНУ се припадници на македонскиот народ и на сите етнички заедници.

Претставниците на коалицијата од партии од албански партии имаа средба со здружението Албанска академија на науките и уметноста од Тетово, во текот на минатиот викенд. Од таму најавија активности во насока ова здружение да стане јавна установа.

Слични содржини