После прес конференцијата на Коалицијата ВЛЕН, каде јасно и прецизно беа изнесени факти за последните тендери за набавка на ВЛТ Терминали за казина како и столици за казина, се огласија од АД Државна лотарија на РСМ каде што директор е Перпарим Бајрами, десната рака на Артан Груби, кои, меѓу другото се закануваат со клевета за Коалицијата ВЛЕН.
Како прво, тоа што сакаме да ја увериме јавноста, е дека никаква форма на притисок и закана нема да успее да не спречи да ја разоткриеме вистината пред јавноста за сите коруптивни скандали во АД Државна лотарија на РСМ.
Пред Вас сакаме да ги изнесеме сите факти детално. АД Државна лотарија на РСМ регистрираше и е доминантен сопственик на две компании од дејноста на ВЛТ апаратите, една формирана во 2013-та година во времето на Сашо Мијалков, другата формирана во 2023-та година во времето на Артан Груби.
Дали во надзорниот одбор на новоформираната Нова државна видео лотарија – НОВО ВЛТ се избрани и именувани тројца најблиски соработници на Артан Груби, меѓу кои десната рака Перпарим Бајрами, советникот во кабинетот на Груби, претседателот на огранокот на ДУИ во Дебар како и член на централното претседателство и близок приател на Груби, Артин Спахиу, како и еден претставник од огранокот на ДУИ во Чаир?
Дали овие партиски војници на Груби учествувале во носењето на одлуките за јавни набавки?
Јавно прашуваме, дали тендерите кои ги споменуваме се јавни и објавени на 29.03.2024-та година и постапката ќе трае до 29.04.2024-та година со број на оглас 05983/2024 и 05801/2024. Повторуваме, се работи за набавка на 2100 ВЛТ терминали за казина во вредност од околу 23 милиони евра, и набавка на 2000 столици за казина кои би требало да чинат околу пола милион евра?
Јавно прашуваме, во чии џебови завршуваат овие огромни пари кога граѓаните мака мачат да врзат крај со крај?
Јавно ги прашуваме, Артан Груби и ДУИ Лотарија, дали само за мандатот додека Груби ја вршеше функцијата прв вице премиер на државата, се потрошени повеќе од 75 милиони евра за казина и игри на среќа? Дали најголемиот дел од добитниците на тендерите се сомнителни српски фирми со силни врски со подземјето?
Да резимираме, ДУИ е трансформирана во патрон на валканиот казино бизнис во нашата држава и ова и птиците го знаат. За среќа, на ова катастрофално владеење и доаѓа крајот и во новата влада каде што ќе биде дел и Коалицијата ВЛЕН, сите кои се дрзнале да посегнат по криминал ќе одговараат пред институциите на системот!
Промената доаѓа, Промената Вреди!