ВЛЕН оди на ифтарска вечера кај Курти, ќе разговараат и за локалните избори во Македонија

од Nikola Popovski
28 прегледи

Еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари информира дека сите челници на коалицијата денеска ќе престојуваат во Косово на покана на премиерот Албин Курти. Четирите лидери на партии ќе бидат на ифтарска вечера во Приштина.

Таравари вели дека можеби ќе разговараат за актуелни политички теми во регионот и Македонија, но и за идните локални избори во земјава.

На денешната прес-конференција, членот на ВЛЕН истакна дека се во релаксирана и добра атмосфера и се надева дека ќе изнајдат најдобро можно решение со кое ќе се настапи, за да нема незадоволни страни.

Пред два дена Таравари изјави дека во коалицијата некогаш има недоразбирање и конструктивност и нормално е кога има недоразбирање и во една семејство, а не па во коалиции. Министерот вели дека генерално соработката во ВЛЕН е во ред, а со премиерот Христијан Мицкоски, соработката е прекрасна.

-Повеќе се шпекулации. Секоја партија си гледа да излезе на избори што подобро и ова е нормално. Не можам сам да донесам одлука. Имаме седница на Централно собрание на 6-ти април. Не верувам дека ќе се однесе таква одлука (за отцепување од ВЛЕН), но би сакал со членството и со ЦС да зборуваме за можни опции за локалните избори. Да донесеме најдобра можна одлука за АА, кажа еден од членовите на ВЛЕН. Демантира дека побарал 40% од кандидатите за изборите туку дека побарал листите за советници да бидат посебни за да се мотивираат што повеќе луѓе.

Од друга страна, вчера на брифинг со медиумите, еден од коалициските партнери на Таравари и градоначалник на Тетово, Билал Касами, истакна дека коалицијата има усогласени ставови за локалните избори, но потенцираше дека Таравари настојувал на локалните избори да излезат со посебни советнички листи.

ВЛЕН е составена од движењето Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Демократско Движење. ВЛЕН ја доби позицијата „прв вицепремиер“ за која имаше најави од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се укине. Неа ја извршува Изет Меџити, претседател на Демократското движење, кој е поранешен функционер на ДУИ и ексградоначалник на Чаир. Тој е и министер за животна средина. Коалицијата доби уште едно вицепремиерско место – за добро владеење. Тоа го врати Арбен Фетаи на работа од Брисел во Скопје. Станува збор за секретарот за надворешни работи на Алијанса на Албанците и шеф на кабинетот на Арбен Таравари. Функција доби и Орхан Муртезани. Тој беше директор на МЕПСО во време на претходната влада, а сега е министер за европски прашања од редовите на Алтернатива. Беса, пак, како дел од ВЛЕН даде две кадровски решенија – Фатмир Лимани за министер за социјална политика, демографија и млади и Бесар Дурмиши за министер за економија и труд. Од редовите на оваа коалиција доаѓа и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Слични содржини