ВЛЕН: Официјалната употреба на албанскиот јазик останува нерешено прашање поради злоупотребата од старата политика

од Nikola Popovski
556 прегледи

Од ВЛЕН уште еднаш ја поздравија вчерашната средба меѓу македонската и косовската влада во Приштина, за која велат дека поминала во конструктивна и позитивна атмосфера која донесе конкретни резултати за граѓаните на двете земји. Според коалицијата, потпишани се и три важни договори за соработка.

-Што се однесува до реакциите на опозицијата за изјавата на премиерот Албин Курти за официјална употреба на албанскиот јазик, нашиот став е јасен: премиерот Курти кажа горчлива вистина. Официјалната употреба на албанскиот јазик останува нерешено прашање поради неговата злоупотреба од старата политика, од тесни криминални мотиви повеќе од две децении. Преку измами и ширење на паника,наводно дека албанскиот јазик е загрозен, стариот режим се обидува да ја избегне одговорноста за нивните злосторства и злоупотреби. Но, граѓаните повеќе не стануваат плен на овие манипулации, стои во соопштението.

Коалицијата ВЛЕН се залага за целосно официјализирање на албанскиот јазик и отстранување на, како што велат, понижувачката ознака од Уставот, кој го дефинира како „јазик што го зборуваат 20 отсто од населението“. За нас, како што додаваат, тоа е прашање на правдата и национално достоинство на кое решително ќе се обратиме.

Слични содржини