ВЛЕН размислува дали да поддржи една, три или осум изборни единици, вели Касами

од Nikola Popovski
26 прегледи

Градоначалникот на Тетово и дел од ВЛЕН, Биљал Касами вели дека неговата коалиција размислува дали да ја поддржи идејата за една, три или осум изборни единици.

– Ова е едно комплексно прашање. Не е едноставно да се произнесеме сè уште во рамките на ВЛЕН се формира како став за тоа што посебните партиите дел од коалицијата во минатото, имале свои ставови дали за една, дали за три или за осум изборни единици, но на крај на денот треба да имаме предвид дека секоја промена на изборниот законик и реорганизација на нели изборните единици треба да пазиме да нема етнички реперкусии. Затоа ние кога ќе изградиме заеднички став, тоа ќе го објасниме и ќе дадеме и наши образложение зашто стоиме одзади тој став, истакна Касами денеска во Тетово.

Демократскиот сојуз во Собранието веќе поднесе предлог-закон за една изборна единица. Сличен чекор најави и ЛДП. Партиите се подготвени за разговори, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека прифаќаат една изборна единица, но бараат да гласа и дијаспората.

Слични содржини