Од коалицијата ВЛЕН велат дека секој ден докажуваат дека е единствената сила што донесе нов дух и позитивна атмосфера во секоја албанска општина.
-Од Чаир, Тетово, Гостивар, Струга и Липково до најоддалечената населба, мобилизацијата на граѓаните е без преседан, а плебицитарната победа на 19 октомври сега е јасно видлива.
Граѓаните ја разбраа разликата помеѓу работата на ВЛЕН и измамите на ДУИ/АКИ. „Референдумот” што го споменуваат не е ништо повеќе од обид за политички опстанок на истрошена и криминализирана структура. Повеќе од две децении, оваа партија беше одржувана на власт со лаги, нереализирани проекти и злоупотреба на довербата на Албанците, наведуваат од ВЛЕН преку соопштение.
Денес, како порачуваат, секој митинг на ВЛЕН се претвори во надеж, додека секоја средба на терен е доказ за непоколебливата доверба што луѓето ја имаат во нејзините кандидати.
-ВЛЕН е гаранција дека барањата на граѓаните ќе бидат исполнети, проектите ќе бидат реализирани и гласот на сите ќе биде слушнат. Затоа 19 октомври ќе го означи крајот на политичката измама на ДУИ/АКИ и почетокот на нова ера на развој за Албанците во секоја општина, стои во коалицискиот став.