Првиот вицепремиер и министер за екологија, Изет Меџити синоќа на Фејсбук се пофали дека коалицијата ВЛЕН ќе ја предводи Управата за финансиско објавување, што, според него, означува нова и моќна заложба во борбата против криминалот и корупцијата.
„Борбата против корупцијата започнува денеска. За прв пат албанска партија ќе ја предводи Дирекцијата за финансиско објавување, што ќе означи нова и моќна заложба во борбата против криминалот и корупцијата.
Коалицијата ВЛЕН ја презеде оваа одговорност, решително и посветено да ја води оваа клучна институција, преку која интензивно ќе работиме на реализирање на нашиот програмски столб: борба против криминалот и корупцијата. Управата за финансиско разузнавање ќе биде нашето главно оружје во спречувањето на перење пари и други криминални активности. Посветени сме да донесеме транспарентност и правичност на секој чекор од оваа борба. Ајде да преземеме акција!“, напиша Меџити на социјалните мрежи.
За нов директор на институцијата е именуван Кујтим Ибиши, соопштија утрово од „ВЛЕН“. Тој бил предложен на последната седница на Владата на предлог на еден од лидерите на коалицијата, Арбен Таравари.