„Влен“ се престројува – наскоро нови функционери во Владата

од Марта Пешевска
27 прегледи

Вицепремиерот и министер Изет Меџити денеска од Тетово најави дека веќе следната недела ќе се знае кои ќе бидат новите кадри што ќе ги пополнат испразнетите функции по заминувањето на Арбен Таравари и негови блиски соработници.

Меџити истакна дека Владата останува стабилна и се зајакнува со цел побрза реализација на проектите во интерес на граѓаните. Според него, се подготвуваат нови законски предлози што ќе добијат широка поддршка, а во процесот се вклучени пратеници од различни политички струи.

„Немаме време за празни муабети, ни треба мнозинство за да ги спроведеме проектите“, изјави тој.

Меџити заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваа на граничниот премин Јажинце–Глобочица, каде што официјално беше пуштен во употреба системот One Stop за заедничка гранична контрола со Косово.

Слични содржини