„Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина го нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села“, порачуваат денеска од ВЛЕН.
Според коалицијата, секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваат, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика.
-Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и Левица, Арсим Далипи, потенцираат од ВЛЕН, посочувајќи дека целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга.
-Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки, стои во соопштението на коалицијата.