ВЛЕН: Со „One Stop Shop” во Табановце, татковината е поблиску од кога било

од Vladimir Zorba
27 прегледи

„Стапувањето во функција на системот „One Stop Shop” на граничниот премин Табановце претставува значаен чекор напред, кој го олеснува преминот на границата, особено за нашата дијаспора што се враќа за време на летната сезона“, соопштија од ВЛЕН.

„Овој модел, кој веќе успешно се спроведува на граничните премини Блаце и Јажинце со Република Косово, носи ефикасност, побрза процедура и помалку бирократија. Неговата примена и во Табановце е резултат на јасната политичка заложба на ВЛЕН за конкретни реформи што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

За ВЛЕН, владеењето не е само ветување – тоа се конкретни дела во служба на граѓаните.

Нашата дијаспора заслужува почит и достоинствен третман во секој контакт со државата.

Со „One Stop Shop”, татковината е навистина поблиску – добредојдовте дома!“, додаваат оттаму.

Слични содржини