ВЛЕН: Уапсениот за опожарените возила и дуќан е член на семејството на обвинителот Бајрами

од Nikola Popovski
338 прегледи

ВЛЕН ја поздравува брзата реакција на МВР и откривањето на лицето кое запали и опожари автомобили и една фотокопирница. Од коалицијата информираат дека уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил беше опожарен.

-Ја повикуваме ДУИ да има конструктивна улога во опозицијата, бидејќи на нашето општество како аспирација за членство во европското семејство му треба сериозна и одговорна опозиција. Но не со контаминирани бројки и со овие гнили идеи кои не даваат резултати. Ако продолжат вака ДУИ ќе остане уште долго во опозиција.

Помина времето кога Албанците беа малтретирани и казнувани без своја вина. Албанците со ВЛЕН во владата се безбедни и заштитени.

ВЛЕН е гаранцијата на Албанците за подостоинствен живот, во мир, со напредок и стабилност, се заклучува во реакцијата на коалицијата составена од три партии.

МВР информираше дека расчистен е случајот со опожарувањето. Според полицијата, денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово.

Истата вечер беше запалена и фотокопирница во сопственост на советник од редовите на ДУИ во општина Куманово.

Слични содржини