Влетал со автобус во толпа луѓе и убил петмина (ВИДЕО)

од desk2
104 прегледи

Пет луѓе загинаа, а над 20 се повредени откао маж кој украл автобус влетал во толпа луѓе.

Нема податоци кои биле причините за нападот.

Најмалку пет лица, меѓу кои и еден полицаец, загинаа денеска, кога автобус влета меѓу автомобили и мотицикли на прометна улица во кинескиот град Лонџан.

Инцидентот се случил кога маж под закана со нож украл автобус и потоа со возилито намерно се залетал кон улицата, удирајќи повеќе автомонили и мотоцикли. По ова, полицајци успеале да го совладаат мажот и да го уапсат.

Властите соопштија дека при инцидентот се повредени најмалку 21 лице.

Причините и мотивите за постапката на мажот, чиј идентитет не е соопштен, засега не се познати. Полицијата поведе истрега за случајот.