Влетал во редакција и барал да не се пишува за неговиот пријател: Клинтон се заканувал поради Епстајн?

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Вирџинија Џуфре тврди дека Бил Клинтон, поранешниот претседател на САД, влетал во канцелариите на познатиот магазин Vanity Fair и побарал магазинот да го запре планираното објавување на приказната за милијардерот осуден за педофилија Џефри Епстајн, беше откриено во новообјавените судски списи за овој случај.

Џуфре ги изнела овие тврдења во е-пошта од мај 2011 година во која зборува за интервју за промовирање на нејзината планирана книга. Таа навела дека Клинтон „влетал во Vanity Fair и им се заканил да не пишуваат статии за сексуална трговија со луѓе за неговиот добар пријател Џефри Епстајн“.

Портпаролот на тогашниот уредник на Vanity Fair, Грејдон Картер, за The Telegraph изјавил дека „ова не се случило“.

Самиот Епстајн, сепак, наводно го спречил Vanity Fair да објави извештај на новинарката Вики Вард која ги интервјуирала сестрите Марија и Ени Фармер за нивната злоупотреба од финансиерот педофил. Ворд во нејзиниот подкаст од 2022 година навела дека Епстајн ѝ се заканувал, велејќи ѝ: „Имам извештаи за тебе, твојот сопруг – имам сè што ми е испратено од луѓе кои сакале да бидат од помош“.

Вард инсистира на тоа дека Грејдон Картер, тогашен уредник на Vanity Fair, ги отстранил нејзините осудувачки наводи за Епстајн во 2003 година. Картер, наводно, рекол дека известувањето не ги исполнува нивните законски стандарди, а одлуката ја донеле исклучиво неговите уредници.

Клинтон, кој сега има 77 години, долго време инсистираше на тоа дека неговите врски со Епстајн биле на професионална основа, за да ја помогне работата на Фондацијата Клинтон. Тој инсистираше во 2019 година дека за време на четирите патувања со приватниот авион на Епстајн, во 2002 и 2003 година, секогаш бил придружуван од персоналот и агенти на Тајната служба.

Слични содржини