Влез без сертификат во отворените делови на угостителските објекти, предлага КЗБ

од Берта Китинска
369 прегледи

Др. Александар Прличковски кој е претседател на Комисијата за заразни болеси соопшти дека на состанокот биле донесени три препораки.

Првата се однесува на учениците, односно се укинува задолжителното носење на заштитни маски во училиштата.

Втората препорака се однесува капацитетот на исполнетост во затворени објекти како театар, кина, односно наместо исполнетост од 50 отсто – сега се оди на 75%.

Третата пак се однесува на користење на сертификати во отворени угостителски објекти, односно да не се бараат сертификати во овие делови од објектот.

Досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833.

Слични содржини