Влезот во Словенија зависи од видот на вакцината, еве ги деталните правила

од Nikola Popovski

Словенија има детални правила за влез за оние кои сакаат да ја преминат границата врз основа на тоа што биле вакцинирани. Оние кои не биле вакцинирани, сè уште имаат можност преку негативен ПЦР тест, кој не смее да биде постар од 48 часа или позитивен ПЦР тест за коронавирус, кој мора да биде постар од 21 ден и не смее да биде постар од шест месеци.

Можете да влезете во Словенија со само една доза АстраЗенека, 21 ден по вакцинирањето, но не и со една доза од Фајзер и Модерна. Со овие две вакцини може да се влезе во Словенија само доколку се примени обете дози. Во исто време, треба да поминат 14 дена од втората доза од Модерна, а седум се доволни за Фајзер.

Треба да се покаже потврда за вакцинација на граничната полиција.

Вакцинирани лица можат да влезат во Словенија ако:

-пред најмалку седум дена ja примиле втората доза од Фајзер
-пред најмалку 14 дена ја примиле втората доза од Модерна
-пред најмалку 21 ден ја примиле првата доза од АстраЗенека
-пред најмалку 14 дена ја примиле дозата од Џонсон и Џонсон
-пред најмалку 14 дена ја примиле втората доза од Спутник V
-пред најмалку 14 дена ја примиле втората доза од Синовак
-пред најмалку 14 дена ја примиле втората доза од Синофарм.

Условот сè уште останува без разлика дали станува збор за неопходна посета или работа, а туристичките заминувања сè уште не се сметаат за оправдана причина за влез во Словенија.

Без тест и потврда за вакцинација, можен е влез во Словенија поради транзит, а земјата мора да се напушти за 12 часа.

Слични содржини