Владимир Блажев-Панчо од бендот ДНК е во критична состојба откако тешко е повреден во пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Здравствената состојба му се влошила во текот на ноќта и бил приклучен на апарати. Ова го потврди пејачката Ребека Јанковска Ристевски, која објави:
„Да се помолиме за сите што се борат за својот живот. Да се молиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме изведе на пица да ме почести, иако имаше само 12 или 13 години. Буцо, кој е голем борец, патриот, хуманитарец и уметник! Молитвата е моќна кога доаѓа од срце. Нека Господ ги помилува сите преживеани кои се во тешка ситуација и нека ги исцели и да им даде живот. Драг Панчо те молам не се откажувај!!! Владимир е во Систина, вечерва е префрлен. Неговата состојба се влоши. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е. Панчо мил, те молам не се предавај, да се помолиме за сите кои се борат за живот“ – напиша Ребека.
Претходно „Локално“ објави дека фронтменот на ДНК е префрлен во болницата „Систина“.
Во пожарот загинаa 51 лице. Министерството за внатрешни работи потврди дека пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства.
Очевидци велат дека имало само еден излез, а огнената стихија брзо се проширила. Според сведоштвата на присутните, пиротехниката ја запалила украсната завеса поставена на покривот, а потоа и целата покривна конструкција.