Влошување на ситуацијата во Премиер лигата, одложен уште еден натпревар

од Nikola Popovski
298 прегледи

Натпреварот помеѓу Барнли и Евертон е одложен поради неколку повредени фудбалери и заразени со коронавирус во тимот на Ливерпул, соопштија од Премиер лигата.

Натпреварот требаше да се одигра во сабота, на „Боксинг деј“ во Барнли.

Евертон побара одложување во четвртокот, но лигата го одби барањето и покрај тоа што тренерот Рафаел Бенитез изјави дека има само девет играчи на располагање.

Нема нови случаи на инфекција во клубот, но многу играчи се уште не можат да тренираат, иако се опоравија од вирусот, објави Скај.

Премиерлигата соопшти дека се преиспитала и ја променила одлуката по новите повреди во тимот на Евертон. Лигата им се извини на навивачите бидејќи одложувањето ги наруши нивните планови.

Слични содржини