Вложил 7 милиони долари за да настапи на Супербоулот: Шоуто на „The Weeknd“ на полувремето (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Откако минатата година Џенифер Лопез и Шакира ја воодушевија публиката со нивниот настап на Супербоулот, оваа година пејачот „The Weeknd се погрижи за спектаклот, изведувајќи голем број свои хитови во придружба на танчери, вклучително и песните „Blinding Lights“ , “Starboy” “и” Can’t Feel My Face “.

30-годишниот пејач не сакаше да биде платен од организаторите на Суперболот за неговиот настап, па затоа тој вложи неверојатни седум милиони американски долари за 13 минути од неговиот настап, пишува „Men’s Health“.

Иако оваа вест шокираше многумина, не е толку невообичаена. И Џеј Ло и Шакира се согласија на истиот договор минатата година, а за тоа зборуваше Марк Генис, претседателот на консултантската компанија „Спортскорп“ за „Форбс“.

„Тие се подготвени да настапат бесплатно, па дури и да ги субвенционираат трошоците за производство преку нивната издавачка куќа или промотори на концерти. Дури и најголемите имиња мора постојано да се промовираат. Шоуто на полувремето на Супербоулот е идеална можност за тоа“, објасни тој.

Заедно со The Weeknd, вниманието го привлекоа и танчерите, чии глави беа завиткани во завои.

„Значењето на лентата за глава се одразува на апсурдната култура на славните личности во Холивуд и луѓето кои се манипулираат од површни причини за да им угодат на другите“, рече пејачот.

Слични содржини