ВМРО-БНД: Две партии застануваат против бугарските интереси на темата Македонија

од Nikola Popovski
519 прегледи

Партијата ВМРО-БНД, чиј претседател е бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов остро се противи на парламентарните групи на Социјалистите и на Зелените кои предложиле корекции на Извештајот на ЕП за С. Македонија. Според нив, „луѓето на Станишев направиле национално предавнички амандман на декларацијата што ЕП треба да ја гласа во четврток, во врска со приемот на нашиот сосед во членството во ЕУ“.

Со аманданот како што пишува во него „се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада во однос на историските прашање кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Се повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави, со оглед на предизборната кампања во Бугарија која е во тек. Го поздравуваме зрелиот и балансиран одговор на тие провокации од владините преставници во Северна Македонија“,стои во предложениот амандман, објавен на сајтот на ВМРО-БНД.

За партијата, со овој амандман директно се посочува на изјавите на нивниот претседател Каракачанов.

„Овој национално предавнички амандман покажува две работи: дека ВМРО е на добар пат и дека ако социјалистите, розова и зелена, дојдат на власт во нашата земја, Македонија повторно ќе биде предадена. Овој амандман е срамота! Не само затоа што беше потпишан од ПЕС на Станишев. Срамота е затоа што, прво, се меша во внатрешните работи на Бугарија, второ, тоа е лажно и невистинито од почеток до крај. Претпоставувам дека еден мој колега во ЕП направи многу голем компромис со својата совест, така да се каже. Да не спомнувам дека претпоставувам дека тие беа предмет на скопско лобирање. Затоа што за да напишете таква отворена лага и такви отворени глупости, вие или мора да направивте компромис во некаква форма на лобирање, или вашето место не е во Европскиот парламент“, додава нивниот заменик-претседател и пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбазки.

Со предложените корекции се обвинуваат членови на бугарската влада за провокативни изјави во однос на историски прашања кои ја засегаат Северна Македонија и во таа насока се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такво однесување за време на предизборната кампања во Бугарија, пишува „Бгнес“.

Слични содржини