Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека формулираното референдумско прашање го крши Законот за референдум, односно членот 15 каде се вели дека „Прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдум да може да одговори со „за“ или „против“.

„Криминалниот картел предводен од Зоран Заев брутално ја гази демократијата во Република Македонија. СДСМ е исплашен. Свесен е дека договорот со Грција е штетен. Граѓаните нема да го прифатат. Доколку договорот беше добар, Зоран Заев немаше да ја потценува јавноста и согласно со закон ќе поставеа едно, јасно и недвосмислено прашање на
Народот ќе го победи ова зло олицетворено во Зоран Заев и врхушката на СДСМ. Македонија ќе победи, сакале тие да прифатат или не“, се наведува во соопштемието на ВМРО-ДПМНЕ.