Вчера за Арсовска беше виновна владата, а денес е виновен Управниот одбор на ЈСП кој што наводно го упропастил претпријатието. А Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-И додека Арсовска се договара со себе кој е виновен ЈСП пропаѓа. Оваа порака ја испраќаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со хаосот којшто се случува со јавниот превоз. Денес 1.000 семејства се без плата, а 1.000.000 илјади граѓани без превоз.Тоа е она што е важно и тоа е она што треба да се поправи. Добро е што градот конечно ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата распределба на средства за плати во ЈСП.А Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.