ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е активирана од СДСМ и ДУИ во предизборието

од Nikola Popovski
27 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со критиките кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска дека продолжува да тоне во безидејност, бидејќи, како што велат, не се покажа на функцијата која што ја доби од граѓаните, па почна да прави театар низ главниот град.

-Театарот на Арсовска е по насока на нејзините коалициони партнери СДС и ДУИ, кои сеуште не можат да се помират дека се во опозиција и пробуваат да добијат што е можно поголема медиумска видливост, па пробуваат на секој можен начин да го искористат тоа. Арсовска е активирана од СДС и ДУИ во предизборието, откако минатите години ги преспа и не направи ниту еден проект за граѓаните, ама направи за лица блиски до ДУИ и СДС, велат од најголемата владеачка партија преку соопштение.

Според партијата на Христијан Мицкоски, поради „тоа што таа му дала на синот на Блерим Беџети 12 илјади евра за интелектуални услуги, Арсовска не го исчисти Скопје од ѓубрето во кое се давиме секојдневно“.

-Циркузот на Арсовска е само од интерес на СДС и ДУИ. Скопјани го препознаваат тоа и затоа тие се во паника, стои во партискиот став.

Изминативе денови, вниманието на јавноста повторно е насочено кон случувањата во Град Скопје и актуелната градоначалничка. По низата политички турбуленции и јавни расправии со дел од советниците и претставниците на власта, Арсовска утрово излезе со нова објава на социјалните мрежи, каде што директно ги обвини политичките противници за наводни обиди за дестабилизација на главниот град.

Во својата порака, таа наведува дека е информирана за планови кои вклучуваат создавање хаос преку јавните претпријатија, како што се ЈСП и Комунална хигиена, со цел да се дефокусира јавноста и да се одржи контрола врз одредени бизнис интереси.

Слични содржини