ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е позната по синтагмата „Лажи, лажи Дано“

од Nikola Popovski
243 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утрово побара извинување од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, поради како што велат, лагите упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински, во тој момент директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

-Арсовска позната по синтагмата „Лажи, лажи Дано“, треба во најмала рака да се извини заедно со СДС за лагите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и директорот Перински. Со изјавата на потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, дека биле исполнети сите планови и процедури во постапката и дека се било во ред, се потврди дека Данела Арсовска и СДС пред 6 месеци се обидоа, да ги изманипулираат скопјани, за некакви криминали и медови околу пречистителната станица во Скопје, порачаа од најголемата опозициска партија.

Арсовска, пак, од друга страна тврди дека евентуалните пропусти во процесот на јавна набавка за пречистителната станица биле спречени поради нејзиното навремено делување.

-Не се работи за тоа кога и како ќе се заврши постапката, се работи за тоа сите формално-правни аспекти да бидат задоволени. Нема проблем затоа што не дозволивме да има проблем. Шест месеци подоцна не дозволивме да има проблем, рече вчера градоначалничката.

Вчера се потпиша договорот помеѓу Владата и ЕИБ за грант од 70 милиони за прочистителната станица која ќе се гради во Скопје, со што вкупниот буџет за истата ќе биде над 200 милиони евра. Договорот се потпиша симболично на светскиот ден на водата. Сега останува уште да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-ппланската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“.

Слични содржини