ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот Кичево – Охрид веќе 6 години тапкна во место, еден километар асфалт немаат поставено

од Vladimir Zorba
179 прегледи

„Граѓаните ќе почекаат уште неколку неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола“, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници.

Нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните.

Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапкна во место и еден километар асфалт немаат поставено.

Реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови“, велат, меѓу дргото, од опозициската партија.