222
ВМРО-ДПМНЕ бара целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу и да му се почитуваат сите негови права и слободи како новинар.
Оттаму наведуваат дека ја бранат и ја почитуваат новинарската дејност и слободата на новинарите да известуваат и пишуваат за настаните и темите од јавен интерес, без било какви пречки.
-Секој еден новинар ја има нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР. Тоа треба да се осуди од сите чинители и доколку се потврди дека тоа е сторено, тогаш сторителот треба да ги сноси сите последици согласно законите и Уставот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.