ВМРО-ДПМНЕ бара Ковачевски да го разреши Зиков

од Vladimir Zorba
160 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ изразува згрозување од дрскоста и безобразлукот на Љупчо Зиков кој е именуван функционер од Владата на Ковачевски. Тој ја навреди јавноста и сите кои бараа одговори од него за енормната висина на плата која ја добива од државното МЕПСО“, соопштија вечерва од Белата палата.

„После недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков кој е на функција во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните очекуваме Ковачевски експресно да го разреши.

Во спротивно однесувањето на Зиков и навредите ги сметаме за нарачка од Димитар Ковачевски“, додаваат оттаму.

Зиков претходно се обрати на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО.

Зиков, во објава на социјалните медиуми напиша: „јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете”.

Слични содржини