Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека доделувањето пари од Фондот за иновации на фирми поврзани со функционери на власта не треба да се случува, а парите треба да се вратат.

„Господине Деспотовски, можеби сопругата ви вели да бидете горди што сте му поделиле пари на вашиот претпоставен Кочо Анѓушев или на Хари Локвенец, но јас ви велам засрамете се, повлечете се, и престанете да ги ограбувате граѓаните. Вратете ги 10-те милиони евра што ги расфрлате пари на граѓаните.
Господине Деспотовски, граѓаните се загрижени дека можеби сте ја послушале не само вашата сопруга, туку и свекрвата, Цветанка Ласкова да и префрлите неколку стотици илјади евра на нејзината снашка, односно сопруга на нејзиниот син.
Господине Деспотовски, ова не е за гордост и за смеење. Ова што го правите е трагедија за која што мора да одговара некој“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
потсетија дека, Фондот за злоупотреби на народни пари доделил 330 илјади евра пари на граѓаните на член од семејството на Цветанка Ласкова, која што е имено советничката на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.
„Имено според изборот на Фондот над 330 илјади евра и биле доделени на фирмата „Декодикс“, каде косопственик е снаата за син на Цветанка Ласкова, Христина Керкез. Иновативниот проект на Керкез е под наслов „Декодирај ме“. Да биде скандалот уште поголем, снашката на советничката на премиерот Заев ја основала фирмата само 45 дена пред да си добие грант 330.000 евра. Добар подарок од свекрвата за новата фирма. Пример за тоа какви треба да бидат односите снаа-свекрва мислам дека треба јавно сите треба да им честитаме. Барем да беше од нејзин џеб, а не од џебот на граѓаните на Република Македонија“, рече Арсовски.
Порача дека јавноста го декодирала многу брзо нивниот систем за богатење на грбот на граѓаните.
„Го охрабруваме јавното обвинителство да не потпаѓа под разни притисоци и да го истера случајот до крај и сите соучесници да одговараат за овој криминал.
Целата јавност виде дека случајот е скандалозен и не смее да помине без санкции“, се додава од партијата.