ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да оформи случај за градоначалникот на Крива Паланка кој тврди дека има цијанид во Крива река

од Vladimir Zorba
11 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да оформи случај за градоначалникот на Крива Паланка кој тврди дека има цијанид во Крива река.

„Градоначалникот на Крива Паланка свесно ја лажеше македонската јавност дека во водите на Крива река имало присуство на цијанид за 100 пати над дозволеното. Сашко Митовски не штедеше зборови и секојдневно изминатата недела ширеше паника меѓу жителите, за да дојде до ситни политички поени во пресрет на локалните избори“, велат од Белата палата.

Митовски беше демантиран од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Од таму истакнаа дека нема цијанид над дозволеното и дека водата е безбедна.

Со оглед на тоа дека Митовски е јавна личност, а одредена група на граѓани која му ја дала добербата, сега беа изневерени.

Митовски свесно говорел невистини и ширел паника меѓу своите сограѓани, а за тоа кривично се одговара.

Го повикуваме ЈО да поднесе кривична пријава кон Сашко Митовски за ширење паника, со цел собирање политички поени“, додаваат оттаму.

Слични содржини