Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара Народниот правобранител како институција која се грижи за човековите права да покрене постапка против сите оние кои вршат партиски инспириран прогон врз вработените во државната администрација.

„СДСМ противзаконски брка од работа и остава на улица самохрани мајки и жени и затоа обврска на Народниот правобранител е да го спречи ова дивеење и хајка на партијата на власт. Должност му е на народниот правобранител конечно да се стави на страната на правдата, а не да молчи и немо да посматра“, вели Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа наброја имиња на неколку самохрани мајки кои, според неа, останале без работа, затоа што не се членки на СДСМ, туку спротивно, на ВМРО-ДПМНЕ.
„Истовремено бараме сите вработени кои биле неосновано и незаконски избркани од работа да бидат заштитени од страна на агенцијата за државни службеници, од трудовиот инспекторат, од комисијата против дискриминација, од судовите. Интересите на граѓаните пред режимот на Заев мора да бидат приоритет на иституциите во Република Македонија. Истовремено очекуваме и канцеларијата на Европската Унија да реагира на ваквото кукавичко однесување на СДСМ“, додаде Ласовска.