ВМРО-ДПМНЕ бара организиран државен откуп на грозјето

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Комисијата за земјоделие во рамки на Собранието предводена од Љупчо Димовски побара во поддршка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и
Коалицијата, организирање на надзорна расправа во Собранието, за состојбата во лозарството и откупот на грозјето. Таа надзорна расправа ќе се случи следната недела и на неа се очекув сите надлежни од Владата да дојдат и да се соочат со земјоделците, да се соочат со нивниот гнев и мака. И заеднички да се најде решение доколку е тоа возможно, изјави потпретседателот Александар Николоски.

Основното барање кое што го има ВМРО-ДПМНЕ до владата, вели Николоски, е да се направи организиран државен откуп на целокупното грозје кое што не е откупено.

– Државата има можност, има сили и има простор во буџетот. Да не се купуваат 50 луксузни автомобили, туку да се откупи целокупниот род на грозје кое што останува по нивите оваа година во Тиквешко и цела Македонија, затоа што немаат слух за маката на земјоделците. Значи бараме организиран државен откуп, државата да го откупи грозјето кое што останува неоткупено, додава Николоски.

Слични содржини