ВМРО-ДПМНЕ утрово побара оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Според партијата, „неспособноста на Арсовска беше закана за масовна зараза во Скопје“.
-Со денови не се собира ѓубрето во Скопје поради неспособноста на Арсовска и градската власт. Вчера во текот вечерта и доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците. Но неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП Дрисла одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони, соопштија од најголемата опозициска партија.
Додацаат дека „фрустрациите на Арсовска веројатно одат до таму, што не само е неспособна, туку неможе да се носи со фактот што градочалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои управуваат со далеку помали системи на локална организација успеаја да го решат проблемот кој таа го создаде“.
-За фрустрациите и другите состојби на Арсовска и порачуваме, дека не можеме да и помогнеме, за тоа има други институции, но за Скопје е најдобро да си даде оставка, и тоа што побрзо, стои во партиското соопштение.