Одговорност за смртта на бебето од Прилеп мора да има, и таа не смее да се сведе на некој кабел, пинцета или епрувета, вака соопштија од ВМРО-ДПМНЕ по смртта на новороденчето кое од Прилепската болница со сепса било донесено на Клиниката за детски болести.
Според најголемата опозициска партија, одговорноста мора да биде директна на надлежните во болниците каде е породено и лекувано бебето, но и политичка на министерот за здравство.
-Не може министерот за здравство да се занимава со се, освен со тоа што реално му е работа – грижа за пружање квалитетни здравствени услуги на населението. Одговорност веднаш, и кривична и политичка. Единствена добра работа која може Меџити да ја направи е да си даде оставка веднаш, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Медицинската документација, протоколите за постапување со родилката и со бебето на двете одделенија во прилепската болница, гинеколошкото и неонатолошкото, се предмет на вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Вонреден надзор од Центарот за јавно здравје побара и болничката комисија за интрахоспитални инфекции, иако редовните во септември и октомври во двете одделенија не покажале никаков наод.