ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски: „Бруталното убиство на Вања е пораз за државата“

од Nikola Popovski
301 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поради убиството на малата Вања Ѓорчевска. Според партијата, бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава.

-Еден од главно осомничените е во бегство. Истиот тој е и поранешен висок функционер на владејачката СДС, меѓудругото дел од една криминално рекетарска банда која настапува и во јавниот простор за кој е јасно дека е блиска до власта, група која уценува неистомислемици, и која работи само за користољубие, велат од најголемата опозициска партија.

Од партијата на Христијан Мицкоски бараат Спасовски да одговори прашањето „кога истрагата дознала за извршителите и дали во МВР криеле заради самитот на ОБСЕ?“.

Три лица се осомничени за убиството на 14-годишното девојче Вања Г, кое исчезна во понеделникот околу 7 часот и 30 минути додека се движеше до училиште, а нејзиното тело вчера беше пронајдено закопано во околината на Скопје. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, чие исчезнување било пријавено на 24 ноември 2023 година.

Осомничениот за двете убиства е ист – Љупчо Палевски, роден во Скопје.

Мотивот за киднапирањето е користољубие, како што наведоа од МВР и Обвинителството. Киднапираната Вања била застрелана со пиштол во десет часот истиот ден кога била киднапирана додека одела на училиште.

Слични содржини