Постои случај на 6.000 вработувања спротивно на Закон на државен товар. На ова претходеше бришење на критериумите за административните службеници, но и тоа не Ви беше доволно и не сопревте, постапките не сте способни да ги спроведете, обвинуваат од опозициската партија,и бараат оставки од министрите.

„Додека ги чекаме реформите кои ги најавувате во државната и јавна администрација, ретко неталентираните министри за финансии и информатичко општество и администрација, одговорија паушално како да сме ги прашале за семејниот трошок за годишен одмор во 2018 година односно според неколкуте портали одговорот од МФ и МИОА е:
1. Позитивно одговориле на 417 годишни планови за вработување за 2018 година спротивно на Закон и истото го сториле поради изборен процес.
2. Точната бројка на нововработени била 3.078 во државна и јавна администрација.
3. 12.335 вработени си заминале од администрација од кои околу 4.000 работници биле на одредено време и не им е продолжен договорот, дел си заминале неколку илјади, дел се пензионирале и 511 добиле отказ“, се вели во сопштението.
Потенцираат дека , не постои законска можност за издавање на позитивно мислење на годишен план за вработување надвор од роковите предвидени со закон, додека коментарот поради изборите се пролонгирани роковите не е законска и е скандалозна од причина што со изборите се стопираат вработувањата, во никој случај не постоела забрана за изготвување на годишните планови за вработување.
„После јавното признание и скандалозно незаконско вработување, ги повикуваме надлежните институции веднаш да отпочнат постапка и сериозно да истражат кој и во колкави мери ја злоупотребил својата службена положба и овластувањата, додека на најповиканите во овој скандал им препорачуваме сите согласности на годишните планови за вработување за 2018 година, кои сте ги издале спротивно на закон, да ги прогласите за ништовни,с ите вработувања на административни службеници во институциите, врз основа на незаконски годишни планови за вработување за 2018 година, да ги прогласите за ништовни, а Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски и Спасе Глигоров, да си поднесете неотповиклива оставка“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат доболнително министрите кривично да одговараат.