ВМРО-ДПМНЕ бара силна опозиција која би била коректор на власта

Според партијата од „Белата палата“, ВЛЕН е втора партија во моментов, а СДСМ е трета

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш се пофали дека е апсолутен победник на изборите со освоени 54 општини и градот Скопје.  Од друга страна партијата ја обвинува СДСМ дека доживеала голем пораз и дека сега веќе е трета партија во државата, зад ВЛЕН.

-Со околу 126 илјади гласа, СДС освоени само 6 општини и околу 230 советника. На ова ниво, до сега СДС никогаш не биле.

Ова е јасна порака дека граѓаните се против политиките на Венко Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев. Наместо да се оградат и дистанцираат од него, Филипче и целото раководство на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Заев, човек кој ја распродаде и уништи Македонија.

Тоа граѓаните, не само што веќе не го трпат, туку и жестоко го казнуваат, порачуваат од најголемата владечка партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на Македонија ѝ треба силна опозиција која со конструктивни политики и со луѓе со кредибилитет, ќе биде коректор на власта.

-А, Филипче и ова раководство на СДС во моментов се во политички офсајд и без никаков кредибилитет. Затоа се потребни итни промени во раководството на СДС, време е Филипче да замине од политиката и да ја ослободи партијата за нови и некомпромитирани кадри, стои во партиското соопштение.

Слични содржини