ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се избрише клубот „Цар Борис“ од Централниот регистар

од Nikola Popovski
96 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ бара да почне да се применува Законот за здруженија и партии и да се затвори бугарскиот клуб „Цар Борис“.

Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер. Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар. Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата, соопштија од најголемата опозициска партија.

Со законот директно се засегнати бугарските здруженија во земјава, Иван Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид. Тие имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар, откако македонското Собрание на 2 ноември изгласа измени на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува именување здруженија според спорни историски личности, кои се поврзуваат со фашизам.

Во однос на клубовите во двете земји, шефот на макеоднската дипломатија, Бујар Османи изјави дека граѓаните имаат право да се здружуваат по секоја основа, но тоа мора да биде во духот на соработката и добрососедството.

-Законот чија цел беше да се одговори на моментот и да се спречи саботирање на заедниците од страна на чинители. Поради тоа што се оспорени одредени прашања во самиот Закон, јас ќе препорачам Владата да го прати Законот до Венецијанската комисија, за таа да каже дали има или не елементи кои што се спорни во тој, изјави Османи од Софија на новинарско прашање за измените на Законот за здруженија и фондации со контроверзни имињ