ВМРО-ДПМНЕ без став за говорот на омраза кон Бугарија на нивниот млад член

од Vladimir Zorba

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема став во однос на говорот од пред неколку на членот на Унијата на млади сили, Драган Ѓуровски, во кој тој користи зборови како „Татарски фашисти“ и „одвратна бугарска рака“.

На прашање од Локално како го коментираат говорот на Ѓуровски и дали е тоа официјален став на партијата, од „Белата палата“ молк.

Инаку Министерството за надворешни работи на Бугарија најостро го осуди говорот Ѓуровски, во кој тој дава навредливи и вулгарни квалификации кон Бугарија и кон нејзиниот народ.

Во својот говор, младиот член на ВМРО-ДПМНЕ зборува со голема омраза кон Бугарија.

„Ние нема да преговараме кој е Гоце Делчев и на кого припаѓаат Илинденците. Дали заборавија на Букурешт од 1913 година, кога ги проширија своите граници на сметка на Македонија и започнаа со асимилација, денационализација и депортација … Нема да има промена во историјата по волја на татарските фашисти … Оваа одвратна бугарска рака ги удираше Македонците … Тие тврдат дека имаме заедничка историја. Секако дека имаме. Ова е неоспорен факт. Единствената заедничка историја се црвените“, рекол Ѓуровски.

Според бугарското МНР, ваквите провокации се косат со сите основни европски принципи и норми на политичко однесување.

„Тие се симбол на стереотипите наследени од минатото, кои се во спротивност со декларираното од Република Северна Македонија и желбата на нејзиното општество да ги сподели европските вредности и да се приклучи на заедничкото европско семејство“, се вели во позицијата на Министерството за надворешни работи .

„Бугарија отсекогаш покажувала конзистентност, транспарентност и конструктивност во односите со соседите. И покрај сите наши манифестации на добрососедство, нашата земја продолжува да биде предмет на демонизација и говор на омраза во домашната политичка дебата во Република Северна Македонија, што е неприфатливо. во современиот демократски свет“, посочува бугарското МНР.

Слични содржини