ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи и Зоран Заев, односно ДУИ и СДСМ, направија сè што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет

од Milan1
74 прегледи

„Бујар Османи и Зоран Заев, односно ДУИ и СДСМ, направија сè што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет, да ја распродадат државата и да ги прифатат сите уцени што ни беа поставени однадвор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие срамни ликови и ентитети не само што се согласија македонскиот јазик да биде ставен под прашање во рамките на преговарачкиот процес, туку и ја прифатија срамната бугарска диктатура врз македонската историја, култура и образование. Бујар Османи, кој денес се обидува да зборува за македонскиот јазик, е истиот човек кој како министер за надворешни работи го потпиша почетокот на уцените, подготвувајќи терен за национално понижување. Заев и Османи беа тие што ја прифатија преговарачката рамка која ја загрози македонската самобитност, ставајќи ја во рацете на други држави.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се бори за Македонија како самостојна и суверена држава, СДСМ и ДУИ се бореа како да ги задоволат туѓите интереси на штета на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења. Оваа Влада ќе ја исправи државата на патот на вистинските европски вредности, со зачувување на нашиот јазик, култура и национален идентитет, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини