ВМРО-ДПМНЕ: Дехари малтертирал и сексуално понижувал жени на работно место, ДУИ да не ја замајува јавноста

На Фејсбук профилот „Ел Чека“, познат по објавување на компромитрачки аудио материјали, осамнаа нови снимки на кои се сугерира дека  актуелниот градоначалник на Кичево е во интимна врска со вработена во општината. Дехари, според описот на раговорите, на неприсоен начин и се обраќа на вработената и ја наведува на близок контакт...

од Nikola Popovski
38 прегледи Фото: Фејсбук профил на Фатмир Дехари

Во јавноста излегоа снимки кои ја откриваат одвратна вистина за градоначалнкот на Кичево, Фатмир Дехари. Дехари малтертирал и сексуално понижувал жени на работно место. Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

И наместо оставка од Дехари и извинување, додаваат од партијата на власт, ДУИ се обидува да го прекрие скандалот нарекувајќи ги снимките како ”фабрикувани материјали” и ”шпекулативни и монтирани снимки” во обид да ја замајува јавноста.

-Ефтин обид на ДУИ, скандалот да го релативизира и претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот. Во тие снимки се слуша како вработените жени се принудени да го бакнуваат дури и да му седнуваат во скут на Дехари. Ова недолично и некултурно однесување на Дехари не заслужува никакво оправдување.

Дали ова е нивото на кое падна ДУИ, да бранат и поддржуваат функционери кои сексуално малтертираат жени, прашуваат од партијата на Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека граѓаните на Кичево и целата македонска јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам.

-Ниту една жена не смее да биде третирана како објект и на ваков начин. Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и да бидат заштитени. Дехари веднаш да си поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. ДУИ и жените од ДУИ да го осудат ваквото однесување, стои во партиското соопштение.

Секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активирале механизмите на подземјето – лабораториите на службите што работат во темнина – со цел да ги поделат и да ги дискредитираат нивните политички претставници, реагира ДУИ по објавените скандалозни аудио снимки поврзани со актуелниот градоначалник на Кичево.

„Ова сценарио добро го познаваме: кога не можат да се соочат со идеи, кога немаат проект, измислуваат скандали, монтираат разговори, фабрикуваат ‘факти’ и ги шират со единствена цел – граѓанинот да ја изгуби довербата во политиката и да остане дома на денот на одлучувањето. Кичево нема да падне во оваа замка. Да го сочуваме Кичево од валканоста на старата политика“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Оттаму порачуваат дека суштински е пред секоја јавна реакција или извлекување заклучоци внимателно да се провери автентичноста на аудио-материјалот.

На Фејсбук профилот „Ел Чека“, познат по објавување на компромитрачки аудио материјали, осамнаа нови снимки на кои се сугерира дека  актуелниот градоначалник на Кичево е во интимна врска со вработена во општината. Дехари, според описот на раговорите, на неприсоен начин и се обраќа на вработената и ја наведува на близок контакт…

Фејсбук статус на Ел Чека: „Откако Фатмир Дехари бара од општинските службеници да влегуваат во неговата канцеларија „поелегантно“, им вели да му седнат во скут, а кога ќе му здосадат, им вели: „ајде, тргни се сега и не ми се врти!“