Откако деновиве ќе се консултира со коалициските партии, со раководството и со пратеничката група, ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука дали ќе присуствува на лидерска средба што за понеделник ја организира премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, на лидерска средба треба да се разговара за суштински работи и реални проблеми што ги мачат граѓаните, како што е порастот на цените и инфлацијата, а не за уставни измени зашто ВМРО-ДПМНЕ за тоа нема да го смени ставот.
-Добро е да се разговара за актуелните проблеми, за она што ги мачи граѓаните – за беспарицата и високите цени, инфлацијата, енергетската состојба, криминалот и корупцијата. Тоа е суштината и како политичари треба да најдеме решение за проблемите на граѓаните и за тоа сум подготвен да разговараме во кое било време. Затоа што денеска никој не зборува за уставните измени што му текнале на Ковачевски и на таа мала група околу него за да ги спасуваат своите политички кариери уште некој месец, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп.