Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавата од Венко Филипче, кој денеска на средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир, изрази сомнеж за европските интеграции на Македонија со новата влада.
– Ако ќорсокакот во којшто СДСМ и ДУИ ја донесоа Македонија, а за што и Филипче лично има огромна улога, го нарекува европски пат… тогаш оправдани му се сомневањата.
ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја носи Македонија во ќорсокак. Нашиот пат е јасен, а тоа е целосна интеграција во ЕУ со сочувано достоинство и на државата и на народот и особено борба со корумпираните политичари заради чии интереси сме овде каде што сме.
Ако патот на Филипче значи живи луѓе да горат во болница, а него мува да не го лази, или пак тендери во здравство да добиваат фирми за јужно овошје, или пак да се склучуваат договори за најскапа стерилизација во светот, тогаш Филипче треба да е сигурен дека тоа не е патот кој го следи оваа влада.
Патот на оваа влада е да ја врати државата на народот, да имаме напредок кон ЕУ со реформи и зачувано достоинство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.