ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Ковачевски го прифати предлогот болниците и училиштата да влезат на регулираниот пазар на струја

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение се огласи по повод вонредната прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски. Според партијата, „вечерва не бил виден план“.

-Добро е што Ковачевски се потрудил и ги изанализирал мерките кои Мицкоски утринава ги предложи за стопанството. И тоа го поздравуваме и веруваме дека причината за таканаречена вонредна прес конференција не се штурите и делумно ископирани мерки кои ги видовме вечерва, туку целосната понуда и прецизен план кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го даде утринава. Но тоа не е доволно, зошто вечерва не видовме план, туку прес конференција која е реакција на претходна понуда, велат од најголемата опозициска партија.

Според нив, добро е што Ковачевски го прифати предлогот здравствените установи и школите да влезат на регулираниот пазар на струја, но „истото треба да се случи и со јавните претпријатија каде се вработени над десетина илјади граѓани и каде десеткратно повеќе луѓе од тоа користат услуги кои тие ги обезбедуваат“.

-Жалиме што не смогна сили Ковачевски да се надмине себе си и не ја прифати понуда на Мицкоски за поевтина струја за половина од актуелната цена и да го обезбеди бизнис секторот заштитувајќи го стандардот на граѓаните и зачувувањето ма работни места.

Она што загрижува е слабиот капацитет на реализација што го има владата како и нејаснотијата дали има или нема договор со Србија и решение за ТЕ-ТО. Како и фактот што пратеничките прашања ги условува со седница за договор за нов заем, стои во соопштението од „Белата палата“.

Слични содржини