„Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор, проблем е неговото лицемерие“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Венко Филипче ужива на јахта во Белото Море, неговата СДС во исто време хушка и потпалува пожари, додека во исто време држат пресови за ширење на паника и страв.
Додека Венко Филипче во друштво на Зоран Заев ужива во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје нивниот Љупчо Коцевски го бранат со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари.
Додека во Грција на јахта Венко Филипче покажува колку е одлепен од реалноста, во Скопје лажат дека им е грижа за работниците и стандардот на граѓаните.
Венко Филипче ужива со Зоран Заев на јахта во Грција, оваа фотографија која ја објавија медиумите го покажува целиот раскош и раскалашеност на СДС и нивното раководство.
Венко Филипче со неговиот тутор Зоран Заев покажаа врвно лицемерие. Затоа, Венко Филипче и Зоран Заев се дел од срамното минато на државата и не се никаква иднина“, велат од партијата на власт.