ВМРО-ДПМНЕ: Договарањето на тендери е специјалност на Филипче, а за коалицијата на СДС со ДУИ нема поголем доказ од тандемот Наќе Георгиев – Иџет Мемети

од Илинка Илиоска
67 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека поранешниот министер за здравство и лидер на СДСМ, Венко Филипче е вклучен во договарање на тендери, кои партијата ги нарекува негова „специјалност“. Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Филипче „нема тендер кој не го наместил, од вакцини до опрема“ и дека не дал јасно објаснување за тоа како го стекнал „луксузниот џип кој го вози, а не е на негово име, ниту пак хациендата на сопругата“.

Партијата исто така го критикува Филипче за неговото молчење во врска со „милионите на брат му и Вице Заев и нивниот бизнис со фотоволтаици“. Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа ситуација е доказ за длабоките врски меѓу СДСМ и ДУИ, при што особено се истакнува соработката меѓу „Иџет Мемети, долгогодишен функционер во време на ДУИ и заменик претседател на Советот на јавни обвинители, и Наќе Георгиев, човекот на Заев и Филипче во судството“.

„Спрегата СДСМ – ДУИ е како трајна бизнис релација, каде двете страни имаат испреплетени интереси од судство до бизнис и политика,“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини