ВМРО-ДПМНЕ достави предлог одлука за разрешување на министерот Филипче

од Берта Китинска
311 прегледи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави Предлог-одлуката за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче и предлага точката да се најде на дневен ред на денешната собраниска седница.

– Оваа предлог одлука ја поднесуваме поради непрофесионално, неадекватно и ненавремено справување со пандемијата од Ковид 19, ненавремено набавување вакцини, недостиг на кадар, нехумани услови. Ова разрешување наместо да биде оставка од морални причини поради трагичниот настан кој се случи во модуларната болница во Тетово, ќе биде разрешување по барање на народот, севели во предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини