ВМРО-ДПМНЕ: Дрин Ахмети од Фондот за иновации добил 82 илјади евра

од Vladimir Zorba
455 прегледи

„Внукот на Али Ахмети, младиот Дрин Ахмети со „претприемачки дух“, добивал и државни пари од Фондот за иновации“, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен концесија за каменолом, концесија за хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети се пробал и како иноватор. Од фондот за иновации добил 82 илјади евра. Имено 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети, „Тор индустрис“ и „Еверест ЏД“ добиле државни пари за кофинансирање на иновации.

Патем Фондот за иновации од јануари 2022 година го води кадарот на ДУИ, Фестим Халили, кој според фотографиите кои излегоа во медиумите важи за близок пријател со семејството на Дрин Ахмети.

И од толку многу млади и иновативни луѓе во Македонија, токму на внукот на Али Ахмети му биле доделени пари од страна на институцијата водена кадарот на Али Ахмети. За ова мора да реагираат надлежните институции. За ова мора да има и одговорност“, споделија од Белата палата во денешното соопштение.

Слични содржини